Петар Печков
Објавено: недела, 15 септември 2013
Дожд од голови на женската екипа на Борец која во Охрид славеше. И тоа против актуелниот првак Билјанини извори и тоа ни со повеќе ни помалку туку со 15:0.
Ако се има предвид дека во првото коло велешанки победија во Тетово против исто така ланскиот кандидат за првак, трето пласираната Единство со 5:2 а дома во второто коло славеа со 5:0. Очигледно женската екипа на Борец е во топ форма и главени кандидатки за првото место.
Во Прилеп машката екипа на Борец загуби со 1 : 0 од 11 Октомври, која е претпоследна на табелата и до оваа средба имаше само еден бод. Ова доволно илустрира за можностите на екипата, за која раководството најавуваше борба за прво место. Се носеа фудбалери за да сега се игра со скрпен подмладен тим. А по шест кола Борец е седми со девет бодови.
Tweet |